Пресметки во Скопје и Тополчани

Победа ј., Трета и општински

Победа јуниор со амбиции за исчекор од осмото место на второлигашката табела, а за тоа е потребна серија успеси. В недела е гостувањето кај третата Треска, поранешна Македонија Ѓорче Петров. Младиот тим на Златко Петрески ветува најмалку бод. Во Трета лига в сабота (13 ч.) дерби во Тополчани на најдобрите Корзо – Кожуф. Останати: Кадино – Сирково, Г. Коњари – Илинден, Ц. Река – Партизан, Превалец – Млекар. Претходно: Сирково – Г. Коњари 2-3, Кожуф – Кадино 3-0, Партизан – Превалец 5-1, Млекар – Младост 1-3, а Корзо на Панде Трајчески одигра пријателска 2-2 кај Тиквеш. Табела: Корзо 25, Кожуф 24. В недела (10 ч.) во А Лигата лидерот Обршани оди кај Пролетер. Останати: Динамо – Братство, Чепигово – Гарван, Тризла – Козара, Тополчани – Боротино. Претходно: Братство – Кадица 2-2, Обршани – Тополчани 2-1, Боротино – Тризла 1-0, Козара – Чепигово 4-1, Гарван – Динамо 2-2. Табела: Обршани 20, Братство 19. Во Општинска Б (13 ч.) лидерот Слога по растур 8-0 над Пелагонија, го чека Прилеп сити. Останати: Пелагонија – Илинден, Беровци – Клепач, Варош – Канатларци (10 ч.). Претходно: Прилеп сити – Канатларци 2-0, Кпепач – Варош 1-6, Илинден – Беровци 0-3 сл. Табела: Слога 24, Варош 21.

Loading