Признание пред мечот Македонија – Албанија 0-0

Седлоски со тешко достижен рекорд

Сиромашниот со игра пријателски меч, Македонија – Албанија 0-0, ќе се памети по признанието од ФИФА за Гоце Седлоски, доделено од претседателот на ФФМ Хари Хаџи – Ристески за 100 настапи во репрезентацијата. Рекордот е тешко достижен, кога тимот бргу се менува, но останува на генерациите како предизвик. Градоначалникот Марјан Ристески на лауреатот му даруваше икона Свети Никола. На мечот сограѓанинот, напаѓачот Илчо Наумоски од австриски Матерсбург даваше сé од себе. Гореше од желба да даде гол, но судијата го поништи. Се чини неоправдано за офсајд. Нема други прилепски репрезентативци, наследници на Седлоски, Јане Николоски, претходно на Тони Наумоски и Марјан Стојкоски. Натпреварот, иако на две скромни селекции, беше спектакл со присуство на пет илјади гледачи. Навивачката група “Мајмуни” се собра масовно како со Перуџа 1999 и со голема торта од градоначалникот прослави 25 години, роденден. На полувреме атракција. Се појави параглајдеристот Миле Јованоски и цел стадион виде прецизно слетување на центар. Аплаузите ги заслужи како Седлоски.

Коњоштип го расипа терен

Играчите се пожалија на лошиот терен, а виновници не се работниците кои го санираа, туку коњоштип. Барало воздух за живот и дупчело под земја. Наместо како Вембли, теренот стана на многу места нерамен. Ќе се санира со нова трева.

Loading