Тереза со атлетска става

Триесет и две годишната сограѓанка Тереза Пантелиќ е македонски, женски, боди билдинг првак. Облините на создаденото тело со тренинзи во семејната боди билдинг сала на фирмата Голд Џим ја поредиле и меѓу женските боди билдери на Балканот на првенството летоска во Тузла, Б и Х. Иако се квалификувала за светската боди билдинг презентација во Србија, на судиите не успеала да им ги покаже мускулите и атлеската става. Негува надеж дека в година ќе има позитивен одговор на поканата за меѓународното првенство во Србија. Вели дека боди билдингот претставува режим на тренинг за создавање убаво тело, за здравје и за долговечност. Убавиот изглед на вајано тело не се дизајнира само со тренинзите на различните справи, туку и со волја. Со многу труд, работа и откажувања, го креирала телото според стандардите за соодветна линија. И помага сопругот, кој е стручнак за фитнес, но и посебната, скапа исхрана, која не е стандардното мени. Конзумира витамини, креатини, глутамини, оти елементите постигнуваат виткост и гледливост на човечката мускулатура, без грам маснотии. Инаку, Тереза тргнала во сопствено вајање на телото пред десетина години со учество и кореографија на групи за модерен танц. Одвреме – навреме пак се враќа на првата љубов – модерниот балет.

Loading