Награда за животно дело за Блаже Алексоски

Одбележан 3-ти ноември, денот на ослободувањето

Roditelite na kardiohirurgo Petar Risteski

Со низа активности, се одбележа 3-ти ноември, денот на ослободувањето на градот, при што синоќа во ЦК “Марко Цепенков” беа доделени и традиционалните општински награди за заслужни поединци и институции. На Блаже Алексоски, актер, писател и хроничар на Прилеп, кој во повеќе книги за мајтапите, курназлаците, за прекарите, го пренесува духовното богатство на прилепскиот табиет, му беше врачена наградата за животно дело на свечената седница на Советот на општината. ,,Плакети трети ноември,, добија УСАИД, Министерството за образование, Друштвото за наука и уметност, ОУ ,,Рампо Левката,, и ,,Гоце Делчев,,, Одделението за катастар, компанијата ,,Дени Мебел,, печатницата ,,Ацетони,, ресторанот ,,Македонска куќа,, Клубот на лекувани алкохоличари, танцовиот клуб – ,,Темпо,, КУД ,,Мирче Ацев,, НВО ,,Рома Сос,, како и на пингпонгарскиот клуб ,,Младост,,. Градот и на поединци им се оддолжи, доделувајќи им третоноемвриски диплома. Наградени се д-р Дејан Ристески, офтамолог, д-р Петар Ристески, кардиолог, пејачката Елена Велеска, архитектот Миле Боболески, публицистот Тренчо Димитриоски, новинарот Зоран Момироски, економистот Миле Петрески, вајарот Бранко Конески, берберот Ило Тутунџиоски, Бранко Најдоски – прочкарот и постхумно ракометарот Миле Нешкоски. Празнувањето на денот на ослободувањето започна со полагање цвеќе на претставници на борците, на локалната самоуправа и граѓани на Могилата на непобедените, на спомениците на Методија Андонов -Ченто на Кузман Јосифоски – Питу и пред споменикот на паднатите борци во месноста Песјобрдце, каде се воделе завршните борби за ослободувањето на градот. По повод празникот, беа пуштени во употреба новата котларница во ОУ “Блаже Конески”, неколку новоасфалтирани улици, дел од паркот во населбата “Димо Наредникот”. Се означи и завршницата на на фасадата на ОУ “Добре Јованоски”. На плоштадот “Итар Пејо” се одржа уметнички хепенинг.

 

Loading