Вреди за Бундес, не за Македонија

Матилда Атанасоска

Матилда Атанасоска четири години е на печалба во Германија. По ТК Бренд и Кабран Амбалажа, се пресели во прволигашите Турингер и кај сестра и Андријана во Мајнцлер, а сега е во второлигашот Тус Вајберн. Досега нема настап за Македонија. Никој не се јавил. Порано ме викаа селекторите Савевски и Портној, но бев само на список – вели Атанасоска. Со Тус Вајберн каде има договор до година, скорот е седум победи на исто толку меча за лидерско место со 14 бода. Прво играше лево и десно крило, потоа бек. Моментно има потреба од пивот и таа улога ја извршува. Придонесувам во одбрана. Ни тргна и одиме кон елитата – истакнува Атанасоска. Беше во градов да среди документи. Пред заминување, не пропушти да ја следи пријателската, Жито Прилеп – Металург 24-39. Навивачите прашуваа има ли шанси да се врати како играч. Тешко. Играм, а планирам да завршам и студии во Германија – најави Матилда Атанасоска.

Loading