УШТЕ 4 ЗАСЛУЖНИ ПРИЛЕПЧАНИ НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ

Имињата на Љубен Лапе, Миле Попоски, Кирил Ристоски и Ордан Петлески се поставени на патеката на славните во чест на празникот 3 – ти Ноември. Надополнувањето со имињата на уште четворица заслужни прилепчани го одобри Советот на општината како знак на благодарност за заслугата и афирмацијата на градот во општествениот и културниот живот.

Loading