Одбојкарот Тоше во Прилеп

Историја

Многумина го виделе пејачот, а малкумина одбојкарот Тоше Проески. Есента 2007, на месец пред трагичната смрт, беше набрзина договорена пријателска во Универзална помеѓу 11 Октомври и Синалко од Крушево. Домашниот тренер. Марјан Басароски медиумите итно ги информираше. Синалко? Не е баш интересно. Кој? Тоше? Идиме одма! – следеа одговори. Тоше дојде но не играше, преморен од турнеите и снимањата по соседните земји. Се вратил од Србија, за ден – два, се готвел за Хрватска. Не одбил покана од родниот град да присуствува барем како гледач. Седеше на трибина меѓу клупскиот претседател Златко Ристески и градоначалникот Марјан Ристески. По завршувањето, само што излегуваше од објектот, однадвор го видоа и се стрчаа бројни фанови. Без никаква најава, мечот го следеа стотина, а да имаше совреме плакати и слично, сигурно ќе вриеше од народ за одбојкарот Тоше.

Loading