Матракоска солидна на СП

Карате

Членката на КК Ронин, Марија Матракоска, имаше најуспешен настап меѓу 15 македонски каратисти на јуниорското светско првенство во Мелака, Малезија. Таа се пласираше од деветто до 11 место во борби. Во прво коло без ривалка, во второ победи Турчинка, во трето загуби од Французинка, во репесаж пораз од Литванка. Тренерот Златко Димоски положи за светски судија во борби, стана комплетен, покрај лиценцата во кати. Даде интервју во локален весник, каде е претставен од земјава со уставното име – Македонија.

Loading