Ќе светне Трескавец

Манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” ќе блесне со осветлување од 100 економични светилки. Советниците дадоа виза да придонесат манастирскиот комплекс да добие величествена привлечност. Водиме сметка за спомениците. Инвестираме во зачувувањето на културното богатство и историско наследство. Канделабрите ќе имаа и функција на зголемена безбедност – вели градоначалник Марјан Ристески. Инаку, готов е проектот за изградба на патот до Манастирот, на 1300 метри надморска височина, а кој ќе чини околу еден милион евра. Се очекува да биде изграден идната година. Во програмата за в година е предвидена градба на патот за манастирот Зрзе.

Loading