Италијанскиот амбасадор во Прилеп

“Културниот и руралниот туризам, главно во Мариово, се дел од областите за поголема соработка меѓу Прилеп и Италија”. Ова го истакна градоначалникот Марјан Ристески, по средбата со амбасадорот на Италија, Фабио Кристијани. Амбасадорот изрази интерес за прилепската економија, но реализацијата би дошла по одминувањето на кризата. Италија финансираше мултикултурен центар во Тризла. Инаку, Прилеп е збратимен град со Верона.

Loading