“Пајакот” јаде “Буби”

Пајакот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање крена и отстрани 6-7 стари автомобили од јавните површини и пракинзите, бидејќи го нагрдуваа ликот на населбите и зафаќаа непотребен простор. Сопствениците не го почитувале рокот сами да ги кренат автомобилите за седум дена, а сега ќе платат и казна за кревањето, но и за чувањето на автомобилите по тротоарите или парковите. “Пајакот” лапна и “Стара Буба” од паркот во населбата “Димо Наредникот” и ја однесе во дворот на ЈП “Комуналец”.

Loading