Паѓаат загубите на вода

Успешна е рехабилитацијата на дел од водоводната мрежа, финансиски следена од германската влада, преку КФВ банката. Ова го забележаа германските контролори при проверката на сите елементи на проектот, вреден околу девет милиони евра, од кои над 90 отсто беа германски пари, а државниот буџет партиципираше само со еден милион евра. Диркторот на ЈП Водовод и канализација Саше Николоски вели имало забелешка на несоодветниот ритам на пад на загубите на водата во мрежата во споредба со проектираните. Пред реконструкцијата “исчезнувале” околу 70 отсто од водата, а по финализацијата на проектот, кој покриваше замена на околу 30 отсто од градската мрежа, загубите се сведени на околу 50 отсто. Се стремиме загубите да ги сведеме на околу 30 отсто. Ги заменуваме азбестноцементните цевки со нови. Во Тризла се евидентирани 40 отсто од вкупните загуби. Водиме кампањи, но ефектите траат неколку месеци и продолжува немилосрдното пустење на водата. Инвестираме во обнова на мрежата по десетина километри годишно – вели Николоски. Стручнаците оцениле дека загубите се должат и на дивите приклучоци и несовесното користење на водата. Екипите ЈП фатиле 325 граѓани кои експлоатирале вода бесплатно. Исклучени се 136 граѓани, а другите се легализирани.

Loading