Локалните власти лансираа кампања за подобрување на животот на граѓаните насловена “Пријави дупка, пријави шахта, пријави дефект на уличното осветлување”. Граѓаните ќе можат да упатуваат забелешки за дефектите, за дупките по улиците, за прегорените ламби на уличното осветлување или за отворена шахта на телефонскиот број 048/412 – 000 или на интеренет адреса, а веднаш ќе реагираат службите од локалната самоуправа и јавните претпријатија. Градоначалникот Марјан Ристески вели дека кампањата има практична цел, градот да се уреди, уште подобро и да се надминат ненивелираните шахти, темните улици, иако осветлувањето е солидно, или пак да се пополнат со асфалт дупките, кои се појавуваат по коловозите од дотраеност. Акцијата ќе има пауза од еден месец в зима, кога не се активни асфалтните бази, но на пролет продолжува. Нема прекин кај поставувањето на нови шахти или менувањето на улични светилки – велат од локалната самоуправа.