ИДЕОЛОГИЈАТА НЕ ЗГАСНУВА, А ПАРТИЈАТА Е ОТВОРЕНА

Лидија Кирил Икономоска, ветеран во ВМРО – ДПМНЕ

Успешноста се должи на младите кадри кои ја водат партијата и преземаат ризици

На 23 октомври Македонија ќе го празнува Денот на македонската револуционерна борба кој практично е ден на формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, чиј наследник е владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. Еден од ветераните на десничарската партија во Прилеп е и Лидија Кирил Икономоска, пензионер која вели дека гордост и сатисфакција на Македонецот е да биде дел од ова политичко организирање. Член е од 1995 година. Огромна е разликата од тогашното и сегашното зачленување. Членството тогаш беше чисто идеолошко, за слободна Македонија и слободно живеење. Тоа го гледав во далечното ВМРО и во сегашното ВМРО – ДПМНЕ. Зачленувањето не беше лесно и едноставно како сега. Проверката на личноста и пристапницата во Скопје траеше неколку месеци или година. Луѓето кои се зачленуваа тогаш беа претежно со средно образование или непотполно, со идеологија од претците кои во себе имаа сила и слобода да кажат дека ќе бидат членови на партијата. Денеска зачленувањето е многу полесно и има многу образовани кадри. Партијата е отворена и оди напред. Некогаш имаше страв и беше срам да се каже дека си член на ВМРО. Страв постоел од дедо, прадедо, бидејќи членовите биле затворани, прогонувани, мачени. Наследениот страв се провлекува и до ден денес кај сите членови. Постои милимикрон страв во потсвеста, кој е исконски – вели Икономоска. Според неа, ВМРО – ДПМНЕ е отворена партија за сите и партијата која направила многу за народот и држвата. Евидентни биле и успесите и подобрената инфраструктура и на локално ниво. Како пензионер, добиваме редовно пензии за разлика од порано кои се зголемуваат. Пензионерите имаат право да го кажат својот збор. Градот е уреден и чист. Парите кои ги плаќаат граѓаните се употребени на места и можеме да ги видиме. Успешноста се должи на младите кадри, кои ја водат партијата и преземаат ризици. Се што е ветено е остварено или се остварува – вели Икономоска. Според неа, порано партиските активности биле помали, а денес по бројни, поорганизирани и помасовни, според програмата на партијата, која се развива и јакне, особено со младите. ВМРО – ДПМНЕ ќе победува додека е отворена и има контакти со обичниот граѓанин, додека располага со сенс за маките на луѓето и го слуша гласот на народот – вели Икономоска.

ДА СЕ СЛУША ОБИЧНИОТ ЧОВЕК

Според неа, Љупчо Ѓорѓиевски загубил, бидејќи бил ограден од ѕид на луѓе, кои не му дозволувале да ја види вистината и немал контакт со обичниот човек. Препорака до премиерот и раководтсвото е да бидат отворени за обичниот човек, а не да ги слушаат само раководителите и директорите кои ги опкружуваат. Груевски има чувство да го чуе гласот на народот и тој да дојде до него. Така треба да се работи. Состаноците да не почнуваат со фалби, туку со тоа што не е сработено – вели таа.

ВРАБОТУВАЊА ОД ДРУГИ ПАРТИИ

Порано се станувало член на ВМРО-ДПМНЕ од иделогија, а сегашните зачленувања се од интерес и барање бенефит. Партијата вработува членови и од другите партии. Тоа е позитивно. На младите приоритет им е вработувањето, а идеологијата постои, бидејќи со неа се раѓаме. Треба да се обноват фабриките, да се создаде клима за вработување – вели Икономоска.

НЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

– Верувам дека Груевски нема да дозволи да се смени името. Ако се случи тоа, партијата нема да ја сменам, ниту јас ниту моите деца. Ако постои додавка, која нема да го урне идентитетот, а народот да се сложи, се согласувам, и со тоа влеземе во ЕУ – вели таа.

Loading