Победа јуниор
Второлигашот Победа јуниор в недела е гостин на Влазерими во Кичево. Мечот е неизвесен, ако се знае дека Победа изненадува на гостувања, а кичевци не попуштаат никому дома. На пријателскиот меч летоска на истиот терен беше 2-2. Солиден ривал. Дома секого можат да совладаат. Треба да дадеме тоа што знаеме. На повреда се жали Стефан Иваноски, но се надевам дека ќе сме комплетни и подготвени за надигрување до поволен резултат – вели Златко Петрески, тренер на Победа јуниор. Победа јуниор е 10-та со 11 бода, а Влазерими место подолу на табелата со 10. Победа ј. во паузата одигра пријателски меч кај Питу Гули во Крушево, добиен со 1-3.