Браво за Пролетер

Трета и општински лиги

В недела (10 ч.) водечкиот во А – Лигата, Пролетер, дома, на Гарнизон, на дерби игра со соседот Тризла. Претстои голема пресметка. Останати: Братство – Тополчани, Кадица – Чепигово, Обршани – Гарван и Боротино – Козара. Претходно во Чепигово победа на Пролетер од 1-2, а Боротино – Братство 2-2, Козара – Обршани 3-3, Гарван – Ц. Ѕвезда 3-0 (сл.), Динамо – Кадица 2-4, Тризла – Тополчани 1-0. Табела: Пролетер 12, Гарван и Тризла по девет. Во Општинска Б, недела (15 ч.): Прилеп сити – Илинден, Клепач – Слога, Канатларци – Пелагонија, а во 10 ч. Варош – Беровци. Претходно Варош – Прилеп сити 1-0, Беровци – Канатларци 3-2, Пелагонија – Клепач 2-0, Слога – Илинден 5-0. Табела: Слога 12, Прилеп сити и Беровци по 10. Во Третата лига водечкото Корзо има лесен залак, велешки Бирлик. Останати: Кадино – Бабуна, Илинден – Младост, Вардар – Млекар и Борец – Партизан. Претходно, со многу промашени зицери, Корзо се врати само со 1-1 од Црна Река во Возарци. Останати: Партизан – Вардар 5-0, Млекар – Илинден 1-2, Младост – Сирково 3-4, Бирлик – Кадино 6-5, Бабуна – Г. Коњари 6-0. Табела: Корзо 16, Кожуф 14 бода.

Loading