МАШИНИ ОД КАСЕЛИ

Од каселите небаре извадени, од спомените небаре украдени, бројни сочувани автомобилски марки видоа прилепчани за празникот. Наредени еден до друг, старите олдтајмери “пркосеа” кој со годините, кој со староста на моторите, со сочуваната прва боја, со оригиналноста на навлаките од првите седишта. Покрај “грдосиите” кои “пленеа” со својата старост и за кои навираат приказни и настани, врзани за личности и случувања, се “топореа” и автомобилите со понов датум. Од една страна “старудиите” за кои сопствениците даваат неброени пари за одржување и правење ќеф, од друга страна, најновите хитови од автомобилската индустрија. Покрај парадата на автомобилите, со јачината на моделите се пофалија и моторџиите. Заечи градот од тропотот на машините. Потсети на некогашните времиња кога се организираа автомобилски трки за празникот 11 Октомври.

Loading