Среќата во Струга

Фудбал: 11 Октомври на неутрален со Силекс

Почнува издржувањето на казната од шест меча надвор од Прилеп

ФФМ, за прекинот со Ренова, го казни 11 Октомври да игра шест меча надвор од Прилеп. Утре е домаќин на кратовски Силекс во Струга. Адаптација е извршена при првенственото гостување кај Охрид 2004 (1-1) и со шестдневниот престој на мини подготовки крај Езерото. Среќата се бара во соседна Струга. Сеедно е каде и со кого, немаме избор. Играме на победа и со најсилниот. Планираме што побрзо извлекување од калта. Тргна на подобро од Охрид и оптимисти сме дека сме моќни за целта – вели Марјан Секуловски, тренер на 11 Октомври. Ривалот Силекс е на седмо место со 10 бода, шест повеќе. Игра променливо, но поседува квалитет за респект. Претстои неизвесен дуел утре. Знам какао стои Силекс, оти бев година ипол тренер во Кратово. Ги познавам играчите, цврста екипа се, но фактор на овој меч сме ние. Барам колективна игра, не да чекаме на поединци. Не носи успех заедничката борбеност – порачува Секуловски. Незивесни се двајцата повредни, десниот бек Денис Димитриоски и за врска, Новче Ацески. Подготвени се алтернативи. Доаѓаат предвид само стоотсто подготвени. Составот го одлучуваати лекарите – најавува Марјан Секуловски.

Куп со Вардар

Ждрепката сакаше најзвучен ривал за 11 Октомври во Купот, Вардар. Првиот четвртфинален меч е в среда во Скопје, а реваншот на 9 ноември во Прилеп. Вардар се сопна пред две години со 3-1 и сака да врати.

Скрши колк, но оди на фудбал

Кире Соколоски е болен за фудбал. Две години лежеше в постела, по кршењето на колкот и освен од болките, страдаше од неможноста да го гледа 11 Октомври. По операцијата, малку се опорави и син му со кола го однесе на стадион. На мечот со Тетекс, директорот Манта и многумина други ми велеа дека носам среќа и освоивме три бода. Се радувам на победите и на Корзо, како стар корзомалец, иако сега сум во Вишне. Напролет почесто ќе ме гледаат на најомиленото место – трибината – најавува Соколоски.

Loading