Општествена одговорност на претпријатијата

“Општествената одговорност не е трошок, туку инвестиција, бидејќи е доброволна стратегиска одлука на претпријатијата во односите со вработените, етичките однесувања, животната средина и вложување во заедницата”. Ова го истакна Глигор Михајловски од Македонската развојна фондација на презентацијата за Општествена одговорност на претпријатијата. Дражен Котески од Дониа рече дека разработиле сопствен систем на награди за вработените, што е дел од општествената одговорност. Имаме развиено соработка со Економскиот факултет и поддржуваме печатење на литература, спортски и културни настани, едновремено градејќи вредности и маркетингшка промоција без трошок, туку само идна добивка – оцени Котески. Билјана Петкоска од Микросам ја акцентира Микросам академијата, клубот за талентирани средношколци и курсот за помошници инженери. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека бизнисмените имаат висока свест за општествената одговорност, додавајќи дека и локалната самоуправа финансира разни спортски и културни програми. Четвртата средба ја организираа агенција Пелагонија – Преда со средства од ЕУ. Поттикнувач е Министерството за економија.

Loading