“Лашко” им подари на бизнисмените кошаркарски топки

Претставници на спонзорите од бизнис секторот на прилепскиот Пиво фест добија кошаркарски топки и пригодни рекламни подароци од словенечката пиварница Лашко, во знак на честитики за освоеното четврто место на македонската кошаркарска репрезентација и победата на македонската национална селекција над репрезентативците на Словенија при посетата на пиварницата кај Целје. Во словенечката пиварница, повеќечлената делегација се запозна со историјатот на реномираната фабрика за пиво и ги разгледа производствените капацитети. Претседателот на Регионалната комора Симон Наумоски ги покани домаќините на учество и спонзорство на прилепскиот Пиво фест во името на градоначалникот Марјан Ристески. Прилепскатт бизнис делегација на регионалната стопанска комора и претставниците од организацијата на Пиво фестот го посетија и спектакуларниот фестивал на пивото, Октоберфест во Минхен. Организаторите, учесниците и спонзорите на фестивалот Пиво фест црпеа искуства за организацијата и содржините од светскиот фестивал за пиво, за да ги внесат во програмата на нашиот празник на пивото, кој има тенденција да добие меѓународен карактер, со внесувањето во календарот на фестивалите на пивото.

Loading