Нов лик на Участакот

Заврши надворешната реконструкција на Музејот 11 Октомври. Продолжува внатрешното “дотерување” на постојаната поставка. Реконструкцијата треба да заврши пред одбележувањето на 70 години од вооруженото востание на македонскиот народ. Музејот ќе блесне во вистинска светлина. Останува да се преуреди постојаната поставка со фотографии, документи и указите за прогласување на народните херои. Ќе се вградат ефекти со илуминации, со што ќе добиеме модерна презентација на историското наследство – вели Гордана Спироска – Данилоска, директор на Завод и Музеј. Општината планира да постави споменик на Кузман Јосифоски – Питу пред Музејот.

Loading