ДЕНОВИ НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО

Продолжува промоцијата на занаетчиството, организирано од Регионалната занаетчиска комора од Прилеп заедно со националната Занаетчиска комора и традиционалниот партнер, Занаетчиската комора од Кобленц, Германија. На 10 октомври од 10.30 ч. и на 11, октомври ќе се одржи манифестација, насловена Фестивал на занаетчиството и креативноста – 2011, под покровителство на Локалната самоуправа, Занаетчиската комора Кобленц и Министерството за економија. На плоштадот ќе се претстават занаетчии и ученици од средните училишта каде се изучуваат занимања. Фестивалот го популаризира занаетчиството, се стреми да ја оживее традицијата со промоција пред младите. Организаторите лани првпат го афирмираа занаетчиството низ многу градови во земјава.

Loading