Советниците во Музејот на македонска борба во Скопје

Советниците од општинскиот Совет вчера организирано го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје. Имаа можност да ги видат артефактите и 109-те восочни фигури. Се “сретнаа” со Декларацијата за независност на Македонија, изложена во холот. Прошетаа низ раниот период на македонската борба. Советниците се запознаа со бројните примероци на оригинално оружје, мебел, со масовни сцени, документи и другите експонати.