Алармантна негрижа за македонскиот литературен јазик

Во “Зенит” од 2 септември го искажав видувањето за предговорите на книгата “Јазичен Агол” од Б. Ивчески, а искажани од режисерот Б. Ставрев и лекторот В. Анеска. Бидејќи просторот треба рационално да се користи, ќе ја редуцирам намерата за подлабока јазична анализа. Мојот пристап ќе биде поодмерен, поприфатлив и едно воопштено согледување за (не)грижата за македонскиот литературен јазик. Приоритетно место му давам на аналитичкото обележје на македонскиот јазик. Тоа суштинско значење се состои во замената на падежните форми со предлози и некои полнозначни зборови: (У граду – во градот…) Во книгата на Б. Ивчески, но и во многу медиуми уште во поголема мера, се среќава пропуштања на членските форми (-от, -ов, -он…) при што се заборава дека со нив се означува самоопределеност на поимот (лице или предмет), туку и неговата просторна определба (- ов, блискост, на дофат – он, во видокруг – от препознатливост.) Ќе наведам само еден пример: “Зборуваше господин, професор – доктор Марко Маркоски”. Со мирна душа барем една од овие именки може да се членува да í се приближиме на личноста или таа да ни стане поблиска. “Зборуваше господинов…” Да бидам во тек со актуелниве настани еве едно согледување. Сите бевме возбудени и во некаков “транс” (воодушевени) од успехот на нашата кошаркарска репрезентација. Под големата фотографија на кошаркарската репрезентација, обелоденета во “Нова Македонија”, ме прободе зборот БЛАГОДАРИМЕ, искажан од новинарот К. Сотировски. А бре, Кочко (Сотирче), ајде оваа глаголска форма стави ја во заменска лична множина!? Ќе биде (тие) благодарајат, хвалим, евхаристо…!? Господа новинари и спикери, грижете се повеќе за чистотата на македонскиот литературен јазик!

Иван Пипиџан

Loading