Дерби кај Пелистер

Победа јуниор

Второлигашот Победа јуниор в недела оди на дерби кај Пелистер во Битола. Важен е мечот за ривалите, кои се со по 10 бода, три помалку од водечките Скопје и Тиквеш, еден од Дрита. Пелагониско дерби како некогаш. Играме без исклучениот Котески. Останатите да дадат максимум и земаме барем бод – вели Златко Петрески, тренер на Победа ј. Претходно дома е победен фаворитот Гостивар со 1-0, со голот на Карчески во 73. минута.

Loading