Атакуваме со три шпица

Фудбал: В сабота (15 ч.), 11 Октомври – Ренова

Победата е неопходна за фаќање приклучок на табелата

Уште не е доцна, туку е вистинско време 11 Октомври да постигне втора првенствена победа за приклучок на табелата. Со шест бода веќе се приближува до средината. Толку има утрешниот ривал, ланскиот првак, тетовска Ренова. Шансата треба да се искористи. Утрешниот меч е поправка на пропуштеното. Резултатите не се слика за квалитетот. Ренова ќе се обиде да надополни, а ние нема да дозволиме – вели Марјан Секуловски, тренер на 11 Октомври. Гостите знаеле да изненадат среде Прилеп, против Победа. Располагат со индивидуалци да решат натпревар, како Јанчевски, Андонов, Степановски. Опасни се при слободни удари и нафрлени топки. Имаат пет – шест високи играчи над 185 сантиметри. Ги знаеме нивните силни страни, а наше е да не правиме кардинални грешки. Во првата лига грешките се казнуваат – смета Секуловски. Внимателно се средува одбраната и нападот. Напаѓаа со три шпица и во Кичево, каде минимално загубија со 1-0 од Напредок. Утре први треба да се Гешоски, Мојсовски и Марковски. Бековите стануваат крила, играчите за врска помагаат во нападот, шпицовите ротираат. Тоа ќе вроди плод над Ренова – заврши Секуловски. Неизвесен е настапот на повредениот Велјановски, а тренира веќе и Мегленски по пауза од четири месеци.

Искуство пред младост

Навивачите сакаат да ги видат најмладите на 11 Октомври, а тоа е тенденција во клубот. За нив нема простор за поголема минутажа во силната прволигашка конкуренција. Талентите се потврдени во младински и втора лига, но не во прва. Не се за горење наеднаш. Потребна им е подготовка. Се потпираме врз искусните – појаснува Секуловски.

11 ОКТОМВРИ: Коруновски – Димитриоски, Данилов, Ф. Мирчески, Обрадовиќ – Петрески, Рутевски, Ацески – Марковски, Мојсовски, Гешоски. Тренер: М. Секуловски.

РЕНОВА: Елези – Ристов, Симовски, Гаши, Степановски – Бајрами, Статовци, Гафури, Силјановски – Андонов, Јанчевски. Тренер: В. Костов.

Loading