БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ПИВО ФЕСТОТ

Пиварници, полицијата, противпожарната единица, итната помош, јавното комунално претпријатие, повеќе фирми и компании, како и медиуми, меѓу кои и Зенит, на пригодна свеченост добија благодарници од градоначалникот Марјан Ристески за огромниот придонес и ангажман во одржувањето на годинашниот Пивофест 2011. Сите ветија дека в година за јубилејниот десетти фестивал на пивото, ќе се ангажираат повеќе манифестацијата да се етаблира на повисоко ниво не само во Македонија туку и надвор. Манифестација, со годинашното деветто издание, успеа да го достигне врвот. Тоа е голема обврска, за наредното, десетто, јубилејно издание да биде уште подобро осмислено и организирано, како во поглед на иновациите, така и во смисла на атрактивноста и ексклузивитетот на музичките имиња кои ќе се погрижат за забавата – рече градоначалникот Ристески. Пивофестот не е повеќе само бренд на градот, туку и на целата земја. Тоа се потврди и во странските медиуми, кои правеа сублимат на четиридневниот Фестивал на пивото и скарата, што годинава се одржа од 14 до 17 јули и го посетија рекордни 350 илјади луѓе. Евидентниот финансиски ефект што го стекнаа сите инволвирани во неговото одржување е само причина, повеќе, наредниот Пивофест 2012 да блесне многу повеќе.

Loading