ПОМАДА ЗА ОУ “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ”

Се реновира фасадата на ОУ “Добре Јованоски” со пари од локалната самоуправа. Откако се уреди внатрешниот дел, се пристапи на реновирање на фасадата. Училиштето ќе добие нов лик за еден месец, а учениците “не ќе можат да го препознаат училиштето” во новата учебна година. Со последната интервенција, објектот е комплетно реновиран. Вредноста на инвестицијата е 2.5 милиони денари. Се реконструира и ентериерот во ОУ “Климент Охридски”. Се поставува бетонска плоча меѓу катовите, се поставуваат подови од линолеум, се малтарат ѕидовите со абрихт, се спуштааат таваните со плочи од кнауф и се поставува нова електрична инсталација. Реконструкцијата е финансиски следена со 2,5 милиони денари од локалниот буџет. Во ОУ “Рампо Левката” е сменета целосно дограмата. Дел од парите се обезбедени од ЕУ фондовите, а дел од Министерство за образование и наука и Швајцарската агенција за развој. И локалните власти дадоа паричен придонес.

Loading