РОМАНКА – ТАНДЕМ СО НАУМОСКА

Ракомет: Михаела Јаломитеану меѓу стативите на Жито Прилеп

Репрезентативката доаѓа од Крајова

Потпиша двегодишен договор романската репрезентативка Михаела Јаломитеану од суперлигашот Крајова да биде нова голманка на РК Жито Прилеп. Од пред 24 години е Букурештанка, висока 182 сантиметри. Меѓу понудите, го одбрав Жито Прилеп. Клубот ми одговара, оти можам да напредувам на меѓународната сцена, во Регионалната лига и Купот на куповите – вели Јаломитеану. Таа бранеше за Крајова на пријателската со Жито Прилеп есеноска во сала “Македонија” кога победија со 28-22. Одбрани 16 удари и два пенала. Подоцна бранела за Романија со Македонија, во Скопје. Ми се допаѓа народот. Максимум ќе вложам, да бидеме успешни – истакнува Романката. Приклучокот го комплетира голманскиот кадар. Меѓу стативите се докажаната, домашна репрезентативка Дијана Наумоска, а од нив може многу да научи најмладата и надежна, Сандра Дурланова. Ја познавам Наумоска, одлична е. Ќе бидеме добар тандем. За амбициозен клуб, како Жито Прилеп, неопходни се две квалитетни голманки – смета Јаломитеану. Настапувала за сите романски селекции. Последна í била одбраната за сениорките на турнир во Париз. На клупски план, најголем успех í е освојувањето на европска титула – Купот Челенџ,

Осум нови

Во Жито Прилеп вкупно се осум нови: Црногорките Даниела Матановиќ – лево крило, бековите Андреа Кликовац и Тамара Стојановиќ, пивотот Ана Стојановиќ (РК Бисери Плевља), домашните од Ѓ. Петров, бек и крило Марија Штериова, бек Савица Мркиќ, како и повратничката од Косово, бекот Јованка Цветановска. Тоа не е се. Можни се уште две, крило и бек од Романија – најавува Горан Јанков, директор на Ж. Прилеп.

Исписница за Срњакова

Подготовките на тренерот Ристо Магдинчев стартуваат на 29 јули во арената “Сонце”, а меѓу првотимките нема да биде левото крило Цветанка Срњакова. Таа доби исписница, како претходните седум Ангелеска, Шалевска, Ацковска, Гичева, Туцо, Ѓорѓиевска и Папуџиева. Причина била разидувањето околу професионалните сфаќања, а повод повредата, последица од учество на училишните игри.

Loading