ПРИТАЕНИ АМБИЦИИ

Победа јуниор

Претстои дебитантска второлигашка сезона на Победа јуниор, а амбициите официјално се скромни. Потајно се посакува висок пласман. Најзагреани споменуваат, план за Прва лига. Тренерите Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски се задоволни од сработеното. Оодиграни се пријателски, на гости со Питу Гули (7-2), Пелистер (0-2) и Влазрими (2 – 2), а дома совладана е Треска Шишево (3-2). Околу 25 првотимци добиваат шанса. На голот се Апостоловски, Николоски и Истатов, во одбраната Талески, Велјаноски, Јанкулоски, Колчакоски, Котески, Бошкоски, Милошески, Бо. Митрески, Ристески, во средината Петрески, Јусуфоски, Карчески, Димитриоски, Бл. Митрески, а во напад Чешелкоски, Зојчески, Гиноски, Јованоски, Здравески и Главевски. Вчера беше ждрепката, а на 7 август е стартот на Втората лига.

Loading