ЖДРЕПКАТА СОСИЛА ГО ТЕРА КОН ПРИЛЕП

Бегство на Драган Христовски

Фудбалскиот тренер Драган Христовски го избегнува Прилеп. Наспроти очекувањата за пријателска помеѓу прволигашите 11 Октомври и гостинскиот Хоризонт од Турново, каде тренер е Христовски, до меч не дојде и беше најдена замена во нов ривал, Еуромилк. Христовски веќе третпат не дојде под Маркови кули. Претходно, како тренер на Брегалница не допатува на бараж со Металург, а лани на првенствен дуел со 11 Октомври. Се знаат причините ≠ Христовски беше тренер на Победа во 2004 година и ја водеше на два натпревара, со ерменскиот Пјуник, во квалификациите за ЛШ. Тие беа на тапет во УЕФА и од нив произлегоа казните за Победа. Минатото не се менува, а погледите да се насочат кон иднината, Стои надежта дека и Христовски, како сите колеги, ќе дојде да ја води непречено својата екипа. Следната можност е набргу, со оглед на ждрепката за Купот, на 10 август за дуелот на Хоризонт со Победа јуниор во Прилеп.

Loading