КАКО ОД ШЕГА-ПРВИ

Гимнастика

Како минатите три години, пак триумф на КГС Партизан Прилеп, на пионерскиот повеќебој во Охрид. Клубот на Златко Ангелески е севкупен победник. Кај девојчињата до 9 години екипата е прва, а поединечно Теа Велкоска втора, Алексеја Ризеска трета. До 11 години пак екипата прва, а на пиедестал Стефани Спиркоска пред Емилија Јовеска. До 13 години екипно први, а поединечно Маја Нешкоска дели медал со Јелена Мирческа, пред Кристина Христоска. До 16 години за титулата се изборија првата Катерина Костадиноска со Ивана Јанкоска, Мартина Јездиќ, Андреа Ангелеска и Ирена Димеска. Кај машките, до 13 години за прво место екипно придонесоа Андреј Деспотоски со Христијан Мицески и Филип Ефтинџиоски. До 16 години титулата е со второто место на Игор Нешкоски и третото на Никола Ристески. Во меѓувреме, јуниорот Дино Бошњак од подготовките во Романија се сели на европска олимпијада во Турција.

Loading