СТОЈАНОСКИ СЕ ГОТВИ ЗА ЕП

Борење

Се подготвува за Варшава членот на БК 7 Мај Леов, Мартин Стојаноски. Тој е првиот прилепски борач, репрезентативец, кој ќе учествува на кадетското ЕП, меѓу 9 и 14 август во престолнината на Полска. Напорно се три тренинзи дневно. Наутро се трча, попладне фитнес, а навечер на душек в сала. Техничко – тактичкиот дел ќе биде во БК Балканец од Штип – најавува Сашо Игњатовски, тренерот. Стојаноски тренира и внимава на тежината. Ја планира категоријата до 50 или најмногу до 54 килограми. За успех е потребна и среќа во ждрепката. Амбициите не се само формално учество, туку и солиден пласман. Веруваме во Мартин, иако конкуренцијата е силна. Посакуваме меѓу петто и десетто место – истакнува Игњатовски.

Loading