“МАРАТОНЦИТЕ ….” ПРЕД ДЕБАРЧАНИ

Со претставатаМаратонците го трчаат почесниот круг” во режија на Кирил Петрески, ансамблот на театарот вечерва гостува во Дебар. Од 20.30 часот во рамките на фестивалот “Албански театар во Македонија”, актерите Петар Димоски, Димко Вандески, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија С. Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Зоран Иваноски и Цветанка Чавлеска, ќе ја изведат веселата комедија на текстот на Душан Ковачевиќ. Се очекува “Маратонците…” да предизвикаат голем интерес кај дебарската публика, бидејќи е единствениот македонски театар кој гостува на Фестивалот, што се одржува по 10 пат, а покровители се општина Дебар и Министерството за култура.

Loading