ИТА АЏИЕСКА ИЗЛОЖУВА ВО ЊУЈОРК

Сликите на тема “Носталгија за Македонија” од уметничката Ита Аџиеска, која живее и работи во САД, беа изложени во Chelsea Hotel во Њујорк, во рамките на групната изложба на седуммина интернационални сликари. Со четирите слики, авторката пренесува чувства кон татковината. Аџиеска работи за “Мерцедес бенц – модната недела” во Њујорк. Дипломец е на колеџот за арт и дизајн во Велика Британија и на моден колеџ во САД. Освен во Њујорк, сликарката изложувала и во Прилеп, Скопје, Лондон, Стенфорд, Нотингем…

Loading