МАНАСТИРСКИ ТВОРЕЧКИ ИЗВОР ВО ДРЕН

Следните девет дена манастирскиот комплекс Св. Илија во селото Дрен, ќе биде творечко место за 14 уметници од земјава и странство кои ќе создаваат слики на ликовната колонија “Дрен 2008” што по четврт пат ја организира ЦК “Марко Цепенков”. Ќе творат Сергеј Дамовски, Христина Зафироска, Владимир Кнежевиќ, Силвана Атанасовска, Марјан Стојаноски, Емилија Ѓорѓиоска, Тони Чатлески…,Наталија Мијатов и Јасмина Селинг од Србија и Венера Константинова и Гергана Јаначкова од Бугарија. Сликите ќе се презентираат на изложба на прилепското културно лето. Делата ќе останат во трајно наследство на Центарот. Во трите колонии се создадени стотина уметнички дела.

Loading