ВИКЕНД СО ГАЈДИ, КАВАЛИ …

Со трибината на тема “Форми и содржини на презентација на изворниот фолклор”, утревечер почнува 37 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”. Со традиционалната “Отидов село Долнени” на камената бина од 20.30 часот ќе биде означен стартот на натпреварите на кои годинава ќе учествуваат над 200 учесници од земјата и од Кутина, Хрватска и гајдаџија од Холандија. В недела, кога ќе се доделат наградите, ќе се претстават и КУД “Пенка Котеска” и учениците од ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” кои ги изучуваат народните инструменти.

Loading