ЕДЕН – ВРЕДЕН СУДИЈА ЈОВАНОСКИ

Одбојка

Од плејада одбојкарски судии, остана само еден искусен, Рубинчо Јованоски. Најчесто е делегиран на натпреварите во Крушево. Некогаш е записничар. Засега е добро. Нема забелешки од ривалите. Сезоната е успешна – резимира Јованоски. Правдата ја делеше на мечевите во арена Сонце од градскиот Сојуз на училишен спорт. Во финалето ОУ Кире Гаврилоски со 2-1 го победи ОУ Кочо Рацин. За трето место ОУ Гоце Делчев со 2-1 го победи ОУ Климент Охридски. Ми помагаше младиот Игор Димески. Отсудивме 16 мечеви – вели Јованоски. Следат нови предизвици. Летово е волеј бич државно првенство во Охрид.

Loading