КОРЗО ОТПУШТИ 13 ИГРАЧИ

Трета лига

Третолигашот Корзо бргу реагираше по дебаклот од 0-6 со Победа јуниор во последното коло. Клубот стави дури 13 играчи на трансфер листата. Меѓу нив е “прилепскиот Руни”, Срѓан Васиќ. Васиќ зеде исписница. Се разделуваме и со други стандардни првотимци – информира Александар Попов, секретарот на ФК Корзо. Извесна е голема реконструкција, по солидното седмо место од табелата. На местата од заминатите, се планираат нови. Амбициите се зголемуваат за наесен. Се преговара со тренер. Можно е да дојде нов тренер, а финансиерот Панде Трајчески целосно да се посвети на улогата претседател – истакнува Попов. Потрагата е по игралиште. ФК Корзо игра само на гости и на неутрален терен, во Големо Коњари три години.

Loading