ПРЕГОВОРИ И ОДМОРИ

Ракомет: Најавени уште засилувања во Жито Прилеп

Вчера беше последниот тренинг

Мина последниот овосезонски тренинг на Жито Прилеп. Ракометарките и тренерот Ристо Магдинчев се на заслужен одмор до 28 јули, кога е закажан стартот за подготовки. Управата не мирува, додека не се доведат планираните засилувања. Преговарите се пред целта. За скоро ќе објавиме кои се новите на бековски позиции, голманка и пивот. Изборот е голем, од земјава и странство – вели Звонко Јанков, потпретседател на РК Жито Прилеп. Претходно пристапници потпишаа Црногорките кои пред два месеца беа на проба, одигрувајќи тест со Јагодина, Тамара Стојановиќ и Даниела Матановиќ. Првата е бек и десно крило, втората лево крило. Младински репрезентативки се, поранешни членки на Будуќност, Деветка и Врњачка бања. Добивме надежни, перспективни ракометарки. Треба да се јават на првата прозивка – најавува Јанков. Заминаа седум, голманот Ангелеска, пивотот Туцо, бековите Ацковска, Шалевска, Гичева, крилата Ѓорѓиевска и Папуџиева, а како што стојат работите, извесно е дека ќе дојдат исто толку на нивните места. Жито Прилеп гради тим за Регионалната лига, каде ривали се Будуќност и Бисери (Црна Гора), Раднички Белград, Јагодина Светозарево, Заечар, Књаз Милош (Србија) како и македонскиот првак Металург. Ждрепката е на 31 јули, стартот на 9 септември.

Магдинчев шпиониран од кошаркар

Трнерот на Жито Прилеп, Ристо Магдинчев во Стручниот штаб не побара да има асистент. Продолжува сам, но е отворен за соработка со млади колеги од градов. Жали што нема интерес. Сум се интересирал и учел од постарите. Полезно е. А овде нема никој. Видов само еден кошаркарски тренер – вели Магдинчев.

Голманка кривеше и бранеше!

Јуначки настап имаше голманката на Овче Поле СУ, Паневска на бараж мечот за Супер лига со ФОН универзитет во арена Сонце. Стоеше 60 минути меѓу стативите, иако поткривнуваше со десната нога. Во тимот веројатно немале алтернатива, па биле приморани да сметаат само на неа. Дека повредата на ногата била сериозна, потврда е сликата по мечот, кога голманката замина со штаки. Паневска имаше неколку одбрани, но сепак нејзиниот тим загуби со гол разлика 23-24.

Loading