ЏИНОВИЌ УВЕРТИРА НА ЧОЛА

На Пивофестот од 14 до17 јули

Популарниот интерпретатор Харис Џиновиќ ќе ги забавува гостите и домаќините на саботниот дел на годинашното деветто издание на Пивофестот од 14 до 17 јули низ центарот. Тој практично ќе биде најава за неделниот концерт на Здравко Чолиќ, кој се очекува да ги урне сите рекорди за посетеност во Прилеп. Дознаваме дека една вечер во четиридневната слава на пивото, за забавата ќе се грижи групата Ван Гог. И македонските хит пејачи на забавна и народна музика ќе имаат свој дел од програмата. За да се нагостат и напијат со скара и пиво неколку стотина илјади гости,   локалните власти им ставија на пиварниците на располагање повеќе простор од лани. Или на околу пет илјади квадрати, ќе се распоредат штандови на 33 пиварници и скараџии. Градскиот совет ги одреди цените за наем на просторот за време на Пивофестот. Во зависност од локацијата, ќе се движат од 8 до 15 евра за метар квадратен. Лани Светлана Цеца Ражњатовиќ ги урна сите рекорди со посетеност од околу 300 илјади луѓе. Се смета дека Чола ќе ја привлече не само половина Македонија, туку и голем број посетители од соседните земји, па и наши сограѓани од странство.

Loading