“МЕТАЛНО ПИЛЕ” НА ЗЕМЈА

Урнат германски авион во Првата светска војна во близината на Прилеп ги собрал граѓаните како околу чудо. Неколку стотина, првпат виделе “пиле што лета”, ама на земја. Авионот бил сериозно оштетен. Не се знае дали го турнале копнените трупи, кои го стрелале од земјата или пилотот атерирал принудно, поради дефект. Очигледно е дека бил сериозно оштетен, а од сликата не може да се дознае судбината на пилотот. Сепак, авионот предизвикал внимение. И тогашните војски љубопитно го разгледувале авионот, од кој биле гаѓани со куршуми и биле фрлани бомби со раце на земјата. Од фотографијата не може да се одгатне на која страна бил паднат авионот. Се знае дека во близина на градот, на Црна Река била линијата на раздвојување меѓу бугарските и германските војски, од една страна, и сојузничките, француските и англиските, од другата страна. Фронтот бил подолго време, затоа и денес кај селото Канатларци се најоѓаат остатоци од експлозивни направи во затрупаните ровови под земјата.

Loading