ОД СТРУМИЧКИТЕ ВОДОПАДИ ДО ШАРА

Околу осумдесетина планинари од ЕПД Картуш се сладеа во убавините на струмичките водотеци и манастири. На рекреативната патека првин исплакнаа очи од убавините на манастирите Вељуса и Водоча, а потоа се раздвижија по дебелите букови сенки кај габровските, колешинските и смоларските водопади. Ручекот им се слади покрај изворите кај селото Мокриево. Околу 30 “картушовци” викедот беа гости на традиционаланото искачување на блискиот врв кај Прилеп, Козјак. Маршот од околу 20 километри го организира ПД Козјак. И претстојниов викенд нема да мируваат планинарите, туку ќе впиваат дел од убавината на Шар Планина, на патеката долга околу 30 километри.

Loading