КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД ВО МОСТАР

Групата Кросроуд блуз бенд ќе свири на меѓународниот Мостар блуз фестивал од 22 до 25 јули. Нашите блузери ќе бидат рамо до рамо со балканските блуз имиња од рангот на Ана Поповиќ, Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ како и легендарните BIG BROTHER & THE HOLDING COMPANY. Крос роуд блуз бенд ќе биде предгрупа на Ана Поповиќ, што е големо признание. Задоволство е дружењето со музичарите од ваков калибар, оти сме мисионери на блузот во бескомпромисното време на инстант музика, компјутери и плеј-бек – вели гитаристот Бранко Нешкоски. После нашите блузерите ќе настапат на гитаријадата во Зајечар и во Вишеград. Ќе собираат сили, есента да ја крунисаат со албумот – Тутун блуз 2.

Loading