ЧЕТИРИ ЦРНОГОРКИ ВО ЖИТО ПРИЛЕП

Ракомет: Почна реконструкцијата

Цела постава доаѓа, цела си оди

Почна составувањето на новиот, посилен женски ракометен тим на Жито Прилеп. Први новодојдени се Црногорките кои пред два месеца беа на и на тест со Јагодина, Тамара Стојановиќ и Даниела Матановиќ, поранешни на Будуќност и Врњачка бања.. Првата е бек, втората крило. Стојановиќ е висока, левучар. Може да игра и десно крило. Матановиќ е лево крило, цврста, силна, со страотен шут. Одлична е во одбраната. Млади се, репрезентативки, перспектива – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Од истата земја се готват уште две на позициите десен бек и пивот. Скоро е договорено да потпишат. Деновиве се приклучуваат кон тренинзите на тактички и технички план. Тимот од понеделник ќе брои 16 ракометарки. Имаме 12 досегашни, плус новите четири. Преговараме со голман и уште еден бек. Како што најавивме, доаѓа цела нова постава – истакнува Магдинчев. На тие што доаѓаат им се отвараат местата. Разделбата е со седум стари првотимки. Веќе не се смета на голманот Ангелеска, пивотот Туцо, бековите Ацковска, Шалевска, Гичева, крилата Ѓорѓиевска и Папуџиева. Разделбата е нужна со тие што го дадоа придонесот досега. Новата стратегија е создавање млад тим во наредните четири години – заврши Ристо Магдинчев.

Одмор од 28 јуни

По десет дена одмор ракометарките на Жито Прилеп и пак на работа. Работиме до 28 јуни, а потоа е паузата до 28 јули. Нема лежење, туку активности со пливање, кошарка… Сите мора да дојдат подготвени на прозивка – порачува Магдинчев. За Регионалната лига, каде има четири српски, две црногорски и две македонски екипи (Металург и Ж. Прилеп) ждрепката е на 31 јули во Светозарево, Србија, а стартот на 9/10 септември.

Loading