ОД 14 ДО 17 ЈУЛИ
Многу изненадувања најавуваат организаторите на фестивалот на пивото и скара за ова издание. Не откриваат детали. Велат ќе имало многу забава и новитети. Се знае дека познатиот Пивофест ќе се одржи во терминот од 14 до 17 јули по петровденските пости. Прилепчани и многу гости, дури и од странство ги мазнат “мустаќите”. Одвај чекаат да се насладуваат со мискојната скара и кочан пиво. Извесна е локацијата на пивската журка. Традиционално таа ќе биде во центарот каде четири дена, нити автомоибил ќе движи, нити пиле ќе прелета, тука ќе се ждере и пие додека збира мевот и човек стои на нозе. Расте адреналинот, а засега обелоденетиот “дигач” на еуфоријата, е ју поп пеачот Здарвко Чолиќ. Кој друг ќе ја зголемува пивската лудорија, засега никој не откриква! Народот рекол: кој чека и ќе дочека. Но и ќе ужива!