ПИОНЕРИ – МЛАДИНСКИ ВИЦЕШАМПИОНИ

Пинг – понг

Убав пласман на децата од ППК Младост. Освоија второ место на Младинско екипно првенство во Скопје, меѓу осум тима. Со по 3-0 ги добија скопски Студент, Струмица и Младост 96 службено, во полуфиналето Ѓ. Петров со 3-1, а во финалето минимален пораз 2-3 од штипска Брегалница. Тренерот на Младост, Зоран Јованоски имаше само еден младинец, Андреј Лашкоски и двајца пионери, Александар Рикалоски и Филип Николоски. Повозрасни немаме. Со помали ни избега титулата, но и ова е голем успех – вели Златко Рикалоски, член на управата. Второто место е мелем за маките на клубот. Пингпонгарските простории два – три месеца се без струја, затворени за дневна светлина и тренинзи не се можни. Членовите на Младост се снаоѓаа како знаеја и упорноста ги доведе до сатисфакција – второто место.

Loading