ПРВИ ВО СВЕТОТ СО ЕКФ И ВКФ ЛИЦЕНЦИ

Карате: Брачна двојка судии

На Европското карате првенство за региони во Анкара, Турција, покрај македонските каратисти, успех имаа и судиите. Во фокусот беа сопружниците Елизабета и Златко Димоски. На семинарот, од 200 кандидати на 48 земји, Елизабета е меѓу 15 жени кои положија за Б лиценца во кати. Единствена брачна двојка сме во светот со лиценци на европската федерација ЕКФ и светската ВКФ – вели Златко. Златко има положено А лиценца на ЕКФ за борби, А лиценца од светска федерација за кати. Му преостанува уште стекнување со А лиценца за борби на Светска федерација. Испитот ќе биде во октомври, на Светското првенство во Малезија. Долго, макотрпно се подготвувам. Верувам дека и овој пат ќе успеам – вели Златко. Сопружинците имаат наследнички, така што цело семејство е посветено на карате. Нивните ќерки близначки од клубот Ронин, Мишела и Маријана, во пионерска конкуренција се бореа меѓу себе во финале и ги поделија највредните медали на Балканот.

Loading