Данчо Конески – Шурјако, “запален” навивач
Меѓу најгласните гледачи на фудбалските мечеви е Данчо Конески (54), попознат како Шурјако. Цел стадион го “тресе” уште на почетокот, кога на цел глас извикува “Камерууун!” Викам од задоволство. Остана од времето кога играа црномурестите Оливеира, Жилсон, Омо… Уживам на трибина со навивање и извикување – вели Конески. Од дете доаѓа на стадион, не пропуштал ни поважен тренинг, ни меч на Победа и 11 Октомври. Порано од Црн Бор, сега од Пазар каде продава, брза да стаса на трибина. Се облекува во дрес, носи реквизити. Ги гледав генерациите на Магде и сите наваму. Порано тропав на тапан, сега свирам со труба. Не е непријатно на оваа возраст. Во срцето ми е прилепскиот фудбал, без него не можам – вели Шурјако. Фудбалот му ја спасил куќата изгорена 1997 година. Со помош на Победа и навивачите, некои фирми и градоначалникот, по два месеца се вратил во реновираниот дом.