БЕЗ ПОРАЗ ВО ВТОРА ЛИГА

Трета и општински лиги

Лани новоформираниот клуб Победа јуниор стана второлигаш. До целта е без ниеден третолигашки пораз, со 26 победи и три реми, гол – разлика 97-17, 81 бод, 12 повеќе од втората, велешка Бабуна, со која одигра 2-2 и 1-0. На последниот меч со 6-0 беше совладано Корзо, пред две илјади навивачи на стадионот “Гоце Делчев”, со головите на Чешелкоски два, Велјановски, Јанкулоски, Здравески и Зојчески. Не одевме на рекорди, но ете не дозволивме пораз. Заслугата е најмногу на тимот со најмлади играчи во третата лига – вели Кире Овезоски, тренер на Победа ј. Клубот беше аматерски, но тренерите и играчите работеа макотрпно и редовно, како професионалци. Затоа и беа супериорни, ги надигруваа ривалите. Не застануваат амбициите. Погледите се кон втората лига, во друштвото Вардар, Пелистер, Тиквеш, Беласица… Крајна цел е приближување кон Првата лига. Мораме да земеме неколку засилувања. И управата треба да се засили. Во повисок ранг е потребно повисоко ниво организација. Барем две години да се изгради тимот во втората лига, а потоа да се претендира кон првата – истакнува Овезоски. Нов член на Третата лига – Југ е Кадино, по плеј-оф победата од 6-2 над фаворитот Динамо Мажучиште, со головите на Јолески два, Ангелески, Ристески, Секулоски и Кузманоски. Во овој ранг се уште Младост К., Партизан О., Корзо, Г. Коњари и Млекар М. К.

Loading